БРАЗИЛЕЦОТ ИМА УШТЕ ДА УЧИ

Нејмар си признава: Уште не сум добар како Меси

Капитенот на бразилската репрезентација вели дека сака да ја освои „Златната топка“

објавено: 16 мај 2017 - 10:50

Напаѓачот на Барселона, Нејмар, признава дека голема желба му е да ја освои „Златната топка“, но дека ќе мора да почека, бидејќи уште не го достигнал нивото на кое игра неговиот соиграч Лионел Меси. Нејмар одигра одлично на последниот меч против Лас Палмас и даде три гола.

„Секој фудбалер сонува за тоа да ја освои Златната топка. Тоа секако важи и за мене. Јас сакам да играм со најдобрите во светот, а тоа секако е Лионел Меси. Сакам да го достигнам неговото ниво“, рече Нејмар, кој додаде дена останува спокоен и дека ќе продолжи за работи со интензивно темпо.

Најдоброто рангирање на Нејмар во изборот на „Златната топка“ е освојување на третото место во изборот кој се направи за 2015 година. 

Најново во Меѓународен Фудбал