СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА СТУДИИ ВО СПОРТОТ

Нејмар вреди 245.000.000 евра

Десетмина фудбалери имаат „употребна вредност“ од повеќе од сто милиони евра, а најдобриот на светот за 2016 година, Кристијано Роналдо е на ниската, седма позиција...

објавено: 16 јануари 2017 - 20:30

Ако некој мисли дека науката може да му помогне на алгоритмот да пресмета вредност на денешните најплатени фудбалери на светот, тогаш ова е вистинска вест.

Пре се затоа што Институтот за студии во спортот спроведе едно опсежно истражување и донесе доста интересни заклучоци. 

ЦИЕС, односно тим на стручни лица, направија пресметки базирани на квалитетите на фудбалерите, но и нивното траење на договорите, годините, и други варијабли...

А резултатот е следниот: највредниот фудбалер на светот е првотимецот на Барселона, Нејмар, кој според овие „математики“ вреди точно 245.000.000 евра.

Дури десетмина играчи вредат повеќе од сто милиони евра. А вториот највреден фудбалер во овој момент е клупскиот соиграч на Нејмар во Барса, секако, Лионел Меси, кој е „пресметан“ на 170 милиони евра. 

Новиот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е на 155 милиони, додека пак освојувачот на „Златната топка“, и најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА, Кристијано Роналдо се наоѓа на седмото место на оваа листа, и тоа со цена од 126 милиони евра.

Уште една звезда на Реал Мадрид, Герет Бејл  е проценет на „само“ 83.000.000 евра, што е помала сума во однос на 2013 година кога од Тотенхем премина кај „кралевите“. 

Цената на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид е 150.милиони, додека пак Луиз Суарез, третиот дел од „трилингот“ на каталонците е вреднуван со 144.000.000 евра. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал