Што ли направи управата на холандскиот тим

Неверојатен договор меѓу Херенвен и Реал Мадрид

Според холандските медиуми, доколку талентираниот Норвежанец не настапи тогаш Херенвен треба да му исплати на Реал Мадрид 40 илјади евра по натпревар

објавено: 2 март 2017 - 10:15

До пред неколку сезони Мартин Одегард беше најбараниот тинејџер во Европа, а битката за него ја доби Реал Мадрид. Сепак, развивањето во кралскиот клуб не се одвиваше според планот, па така тој побара позајмица каде што ќе добие поголема првотимска шанса.

Заминувањето во Херенвен, на прв поглед се чинеше одлично, но, и таму има проблеми Норвежанецот со вклопувањето. Иако, не треба да се грижи за својот настап, без разлика на формата.

Имено, медиумите од Холандија открија дека е постигнат неверојатен договор меѓу Херенвен и Реал Мадрид за позајмицата на овој играч. Одегард едноставно мора да одигра еден меч, без разлика на тоа колку минути ќе биде на теренот, во спротивно ќе мора да му платат на кралскиот клуб отштета од 40 илјади евра.

Колку и да звучи нелогично, очигледно раководните луѓе на Реал Мадрид сакаат нивниот млад фудбалер да добива се поголема шансаи од наредната сезона да му се стави на располагање на тренерот Зинедин Зидан.

Во досегашниот тек, младиот Норвежанец одигра пет средби во дресот на Херенвен.

Најново во Меѓународен Фудбал