ХРВАТСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ Е ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

Од Мадрид експресно стигна одговор за Модриќ

Во Италија се обидуваат да го вратат стариот сјај, по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, во Серија А е најавен и Лука Модриќ.

објавено: 1 август 2018 - 11:30

Веста за новата трансфер „бомба“ на Лука Модриќ во Интер, која ја објави „Sky Sports“ за кратко време го обиколи целиот свет. Италијанците се цврсто решени да го вратат стартиот сјај, по Кристијано Роналдо, во Серија А би можел да заигра и хрватскиот репрезентативец, за кого беше објавено дека е подготвен да го напушти Реал Мадрид.

Но радоста меѓу фановите на Интер кратко траеше, од Шпанија стигна демант. Шпанска „Марка“ открива дека Модриќ е само еден голем сон.

„Вистина е дека ниту Реал, а ниту хрватскиот фудбалер не размислуваат на прекинување на соработката, па токму затоа тој останува само сон за Интер. Најдобриот играч ан СП порача дека до заминувањето во пензија сака да игра во Реал. Од друга страна ниту челниците на клубот нема да прифатат било каква понуда за него“, се вли во текстот на „Марка“.

Со оглед дека „Марка“ е блиска до управата на Реал Мадрид, во тој случај овој текст може да се смета како демант од страна на Реал Мадрид.

Најново во Меѓународен Фудбал