Го изненади тежината на Бразилецот

Овен го исмејува Роналдо

По вчерашното гостувањето на „Сантијаго Бернабеу", некогашниот англиски напаѓач се огласи на својот „Твитер" профил. 

објавено: 8 јануари 2017 - 16:20

Мајкл Овен беше една од ѕвездите кои вчера присустваа на мини церемонијата на „Сантијаго Бернабеу“ по повод четвртата „Златна топка“ на Кристијано Роналдо. Покрај англискиот напаѓач присутни беа и Бразилецот Роналдо, Луис Фиго. 

По завршување на мечот меѓу Реал Мадрид и Гранада, Овен се огласи на својот „Твитер“ профил. Некогашниот англиски напаѓач е изненаден од тежината на Роналдо.

„Мислев дека сум се подебел, но кога го видов својот пријател Роналдо се предомислив“, се пошегува Овен.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал