ШПАНСКИОТ ПРВАК ЈА СОВЛАДА ВАЛЕНСИЈА

Пак пенал за Барса, а сега и црвен картон за противникот

Неизвесно беше на „Камп Ноу“, но на крајот Барселона ги освои посакуваните три бода

објавено: 19 март 2017 - 22:35

Барселона одигра уште еден драматичен меч против Валенсија, но на крајот стигна до победата. Каталонскиот гигант имаше негатива од 0:1, кога Нејмар погоди за 1:1. Пред крајот на првото полувреме Мангала, кој беше стрелец на голот за Валенсија, направи фаул во шеснаесетникот, а судијата покажа пенал за Барселона и црвен картон за гостинскиот тим. 

Лионел Меси беше прецизен од белата точка за 2:1, но само 60 секунди подоцна Валенсија и со играч помалку стигна до 2:2 со погодокот на Ел Хадади. На почетокот на вториот дел, повторно Меси погоди и донесе радост за 3:2. Пред крајот погоди и Андре Гомес за сигурни 4:2 на крајот.

Барселона сега има 63 бодови, два помалку од Реал Мадрид кој е лидер со 65 бодови, но и меч помалку. 

Најново во Меѓународен Фудбал