СЕ ОГЛАСИ И ПРВИОТ ЧОВЕК НА РЕАЛ МАДРИД

Перес до Роналдо: Немој да ме налутиш!

По шпекулациите дека Португалецот може да си замине од „Сантијаго Бернабеу“

објавено: 18 јуни 2017 - 10:20

Во Шпанија продолжува драмата околу тоа дали Кристијано Роналдо ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и следната година. Португалските медиуми најавија дека Роналдо решил да си замине од Мадрид, но тоа го налути првиот човек на шпанскиот гигант, Флорентино Перес. 

Претседателот на Реал испартил порака до Роналдо во која јасно му покажал кој е прв човек во клубот и му порачал „да не го изнудува“. Најдобриот фудбалер во светот за 2016 година има договор со Реал до 2021 година.

Во последно време, Роналдо е дел од скандалот за неплатени даноци на фудбалери во Шпанија, па поради тоа сака да си замине од Примера дивисион и да игра во некоја друга земја.

Најново во Меѓународен Фудбал