ПРВИОТ ЧОВЕК ОТКРИ ВАЖНИ ДЕТАЛИ

Перез конечно прозборе за Роналдо

Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид по подолго време одлучи да открие детали околу продажбата на Кристијано Роналдо во Јувентус.

објавено: 21 септември 2018 - 22:04

Иако веќе тргнаа секоја на својата страна, Флорентино Перез одлучи да открие детали околу трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус.

„Тоа беше негова одлука, секако ние се обидовме да извлечеме најмногу што можеме. Земавме 100 милиони евра, колку што го плативме во 2009 година. Ова е најголем трансфер во историјата на Реал, кога во прашање е продажба на играчи", изјави Перез.

Првиот човек на кралскиот тим открива дека немало други понуди за португалскиот фудбалер, освен онаа на Јувентус.

„Доколку имавме други понуди, цената ќе беше поголема, но освен Јувентус никој друг не беше заинтересиран за Роналдо".

Најново во Меѓународен Фудбал