ПРВИОТ ЧОВЕК НА РЕАЛ МАДРИД МАЛКУ ПРЕТЕРА

Перез: Не ни треба нов напаѓач, Бензема е најдобар на светот

Првиот човек на Реал смета дека нема подобар од Карим Бензема

објавено: 11 февруари 2019 - 22:10

Претседателот на Реал Флорентино Перез го сака Бензема како роден син, а и во моменти кога на францускиот фудбалер не му оди тој секогаш му дава поддршка и го фали. Некогаш можеби и претерува како сега.
Перез вели дека на кралскиот клуб не му треба нова „деветка" затоа што Карим е најдобриот напаѓач на светот.

Секогаш инсистирам во Реал да играат најдобрите фудбалери, да имаме најдобра екипа. Така мислам и сега. Со години читам и слушам дека Реал мора да купи врвен напаѓач. А таков играч ние веќе имаме. Бензема е најдобар напаѓач на светот, а моја задача е да донесам млади фудбалери кои ќе бидат иднина на клубот. Такви играчи се Винисиус и Родриго", рече Перез.

Во последно време Бензема игра како препороден, а оваа сезона даде 18 голови и запиша осум асистенции.

 

Најново во Меѓународен Фудбал