Перез реши: Ќе го продава Роналдо во Кина

Најдобриот играч на Реал Мадрид сепак ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“ пред завршување на договорот

објавено: 20 јануари 2017 - 11:07

Претседателот на европскиот и светски Реал Мадрид, Флорентино Перез е решен да го продаде Кристијано Роналдо пред да му заврши договорот. Четирикратниот освојувач на „Златната топка“ треба да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2021 година.

Сепак многу веројатно е дека Перез планира да ја продаде португалската ѕвезда во јуни 2019 година, односно две години пред крајот на договорот. Многу веројатно е дека следната дестинација ќе биде некаде во Кина, но не се исклучува можноста да замине и во САД. 

Во таа 2019 година, Роналдо ќе има 34 години. Роналдо тешко дека ќе сака да се согласи со евентуална таква одлука, бидејќи кажа дека сака кариерата да ја заврши во „кралскиот клуб“. Парите не би требало да бидат водечки фактор за Роналдо, бидејќи тој со години е меѓу најплатените фудбалери, а неодамна потпиша и доживотен договор со „Најк“. 

Најново во Меѓународен Фудбал