ЗАВРШЕНА Е МИСИЈАТА

ПЛАТЕНО: Емерик Лапорт е „граѓанин" вреден 65 милиони евра!

Адвокатите на Манчестер Сити ја посетија „куќата на фудбалот" во Мадрид, платија 65.милииони евра, и ја активираа откупната клаузула за играчот на Атлетик Билбао.

објавено: 29 јануари 2018 - 18:35

Направен е и оној последен и најважен чекор во реализација на договорот...

Од вторник, по официјалната презентација, Емерик Лапорт ќе биде нов играч на Манчестер Сити.
Прегледите се веќе направени и тоа на една приватна клиника, платена е отштетата, а раководниот тим на шпанската федерација потврди дека уплатата е заверена, па на менаџментот на Атлетик Билбао не му преостана ништо друго сем да го потврди заминувањето на нивниот 23. годишен стопер.

Во наредните неколку часови, Лапорт ќе замине за Англија, а утре напладне следува неговата промоција во Манчестер.
Секако, нема да биде во тимот на Сити кој во среда навечер ќе заигра против ВБА, но би можел да влезе во конкуренција веќе за саботниот дуел ос Барнли.
Лапорт веќе се поздравил со своите довчерашни колеги и вработените во тимот од Билбао, и ја прифати понудата која ја одби пред 18 месеци.
И во летото 2016 година Сити беше подготвен да ја активира откупната клаузула тогаш поставена на педесет милиони евра. Но самиот играч се премисли во последен момент и одлучи да потпише нов договор со баските.
Но, овојпат не можеше да го одбие Пеп Гвардиола...

Најново во Меѓународен Фудбал