НЕТИПИЧНА АТМОСФЕРА ВЕЧЕРВА ВО ВИТОРИЈА

Погреб место фудбал на „Мендисороса“ (видео)

Вечерва на стадионот „Мендисороса" во Виторија играа Алавес и Леванте во рамките на 23 коло на шпанската Ла Лига

објавено: 11 февруари 2019 - 23:06

Атмосфера како на погреб. Причина протестот на навивачите на Алавес. Тие го изразија незадоволството поради фудбалски натпревари во понеделник, најлошиот термин за фудбал. Натпреварот почна, а навивачите седеа пред стадионот пет до десет минути и потоа влегоа. Сите беа облечени во црно, па со запалените мобилни телефони даваа слика како да држат запалени свеќи. Тие испратија порака до шпанската лига: „Фудбалот е мртов". Па дури имаше и сликовито прикажување со носење на мртовечки сандак на трибините.

Инаку Алавес победи со 2:0 со што ја прекина серијата од четири меча без триумф од кои три порази по ред без даден гол. А Леванте за кого Енис Барди играше од 60-тата минута тоне на табелата. Ова им е десетти пораз сезонава.

 

Најново во Меѓународен Фудбал