ДАЛИ СЕ ПОВТОРУВА СЛУЧАЈОТ СО БРАЗИЛСКАТА ЅВЕЗДА НЕЈМАР?

ПОНУДА ОД СОНИШТАТА: 11 дена ќе се „тресат“ навивачите на Барса!?

Претходно беше објавено дека Лука Модриќ останува во Реал Мадрид, дека нема да се реализира трансферот на Хрватот во Интер, но сега за хрватскиот интернационалец има интерес од ПСЖ.

објавено: 20 август 2018 - 19:45

Имено, првиот човек на францускиот шампион Насер Ал-Келаифи е подготвен да им понуди на „кралевите" 100 милиони евра за репрезентативецот на „коцкестите", но и Барселона со истата сума за Иван Ракитиќ.

Како што пренесува „Мундо Депортиво", француските великани ПСЖ и Монако се заинтересирани за Ракитиќ, кој воедно се спомнува како дел од евентуалниот трансфер на Пол Погба од Манчестер Јунајтед во Барселона.

„Ракитиќ одигра најмногу натпревари од сите играчи кај Валверде и со Бускетс беше незаменлив во средниот ред. Без него, формацијата на Валверде „4-4-2" не можеше никако да функционира, како и формацијата на поранешните тренери на Барса. И покрај ова, Ракитиќ се споменува секое лето дека е можно да си замине од Камп Ноу", вели изворот „Мундо".

Можеби „проблем" би била само неговата клаузула во договорот од 125 милиони евра, ПСЖ има „неограничени" средства, а Монако иако потроши 100 милиони, ова лето само од продажбата на играчи заработи 300 милиони евра.

Лани не сакаа „светците" од Париз да ги продадат Верати и Рабио на Барселона, но затоа го „украдоа" Нејмар. Француските шампиони на Ракитиќ му нудат пет-годишен договор и годишна заработка од 10 милиони евра нето.

Покрај Ракитиќ, ПСЖ го посакува и Серхио Бускетс, и евентуално негово заминување би претставувало нов голем „удар" за каталонскиот гигант. Рабио чиј договор со ПСЖ истекува наредното лето 2019, се шпекулира негов трансфер во Барселона.

Уште не се знае како Каталонците ќе ги спречат заминувањата на клучните играчи. Шпанските медиуми предвидуваат дека ќе му понудат нов подобар договор на Бускетс, како и на Ракитиќ чиј важечки договор трае до лето 2021. година.

Летниот преоден рок во Шпанија и Франција завршува на 31. август. Без сомнение овие 11 дена ќе се „тресат" навивачите на Барселона, останува да видиме како ќе реагираат челниците на тој клуб, а какви ќе бидат потезите на ПСЖ, или на некој друг...

Најново во Меѓународен Фудбал