КАТАЛОНЦИТЕ ЈА ИСКОРИСТИЈА ПРЕДНОСТА ОД ИГРАЧ ПОВЕЌЕ

ПОСЛЕ ЦРВЕНИОТ: Суарез и Меси ја потопија „жолтата подморица"

Откако по едне час игра беше „без голови“, откако Виљареал остана без играч во поле, супер-тандемот на Барса ја заврши работата...

објавено: 10 декември 2017 - 22:35

На истекот на 15. коло од Ла Лига, Виљареал ја дочека Барселона.

И добро одиграа момците во жолта комбинација против топ фаворитот. Успешно го затворија својот гол, и по првите 45.минути беше (0:0).
Вобудувањата почнаа по еден час игра, кога судијата Бенгочеа, можеби и престрого, го исклучи домашниот фудбалер Раба.
„Жолтата подморница" остана да се брани со десетмина. А првата голема шанса не ја искористи Суарез, кој во 67 минута ја погоди десната статива.
Но пет минути подоцна уругвајскиот интернационалец не погреши. Прими една топка во 16.метри, и постигна одличен гол со кој ја поведе Барселона кон победата.
Триумфот го потврди кој друг туку Лионел Меси, во 83.минута од играта.
По 15 кола во Ла Лига, Барселона има 39. бода, или пет повеќе во однос на Валенсија, пест од Атлетико МАдрид, и дури осум пред бранителот на титулата – Реал Мадрид.

 

Најново во Меѓународен Фудбал