ТОА Е ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА

Познато зошто играчите на Барселона не беа на церемонијата на ФИФА

Во Цирих немаше ниту еден претставник од шпанскиот првак, што беше една од главните теми на гала свеченоста

објавено: 11 јануари 2017 - 09:28

Фудбалерите на Барселона и понатаму се наоѓаат во центарот на вниманието, поради бојкотот на гала свеченоста на ФИФА, која ги прогласи најдобрите играчи. Во изборот на ФИФА, во најдобриот тим имаше место дури за четворица играчи на каталонскиот гигант. 

Освен фудбалерите кои беа во најдобриот состав, Лионел Меси беше во борба за главната награда. На крајот тој заврши втор, зад Крситијано Роналдо. Дури и Роналдо цинично искоментира дека „му е жал што не дошле некои играчи од Барселона“, во Цирих. 

Официјалната верзија од Барселона е тоа дека играчите се подготвуваат за мечот од Купот на Шпанија. Сепак според шпанските весници проблемот е во тоа што играчите се скарале со челниците на клбот и на овој начин сакале да покажат дека не ги извршуваат сите задачи од клубот. 

Најново во Меѓународен Фудбал