РЕКОРДНА ГОДИНА НА ШПАНСКИОТ ФУДБАЛ

Приходите на Ла Лига поголеми за половина милијарда евра!

Шпанската фудбалска лига минатата сезона забележа приход од 3.6 милијарди евра, од кои дури 40% од продажбата на ТВ правата...

објавено: 19 април 2018 - 22:45

Вкупните прходи на клубовите од првата и од втората лига изнесуваат 3.6 милијарди евра, што е за скоро 496. милиони евра повеќе во однос на минатата сезона.

„Ова е најдобрата сезона во смисол на финансиските резултати, а добивката пред оданочувањето изнесува 234.милиони евра" - порача извршниот директор на Ла Лига, Хавиер Гомез.

Од 3.6 милијарди приход, дури 1.45 милијарди доаѓа од телевизиските права кои се централизирани. Пред тоа, се преговараше со секој клуб поединечно. Приходите на стадионите донеле уште 746. милиони евра, а трансферите дополнителни 475.милиони.
Исто така клубовите го намалиле и својот даночен долг од 650.милиони евра од јануари 2013 година досега на само 96. милиони евра,
Оваа сезона Ла Лига се надева дека за прв пат ќе го надмине износот од четири милијарди евра приход.

 

Најново во Меѓународен Фудбал