АРГЕНТИНЕЦОТ БРАНИ ТИТУЛА ОД МИНАТАТА СЕЗОНА

ПРИМЕРА: Барса и Меси фаворити, ќе помогне ли „ВАР“ системот? (ФОТО+ВИДЕО)

Титулата најдобар стрелец ја брани Лионел Меси, кој минатата година реализираше 34 голови, а беше и најдобар асистент (12).

објавено: 18 август 2018 - 12:30

-НА ВЕЧНАТА ЛИСТА НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО НАЈСИЛНАТА ШПАНСКА ФУДБАЛСКА ПРИМЕРА ВОДИ МЕСИ СО 361 ПОГОДОК-

Со заминувањето на Кристијано Роналдо, Аргентинецот остана без ниту еден конкурент, бидејќи во последните девет сезони, само Луис Суарез успеа да постигне повеќе голови од Роналдо и Меси во една сезона.

Сигурно во новата натпреварувачка сезона од шпанската Примера (2018/19) ќе се закануваат Суарез, Бејл, Гризман и Коста, а доколку Меси се одлучи со асистенции да им помогне на Дембеле и Малком во адаптацијата во стилот на играта на Барса, тогаш борбата за трофејот „Пичичи" би можела да биде занимлива.

Според обложувалниците, Меси е главен фаворит и коефициент дека ќе биде најдобар стрелец е 1.80 колку што изнесува и квотата дека Барселона ќе го освои шампионатот. Следен е од Суарез (5), Гризман (7) и Бејл (8. квота).

Првиот натпревар од новата сезона во Примера, екипата на Барселона ќе го има денеска од 22:15 часот на „Камп Ноу" против Алавес, додека Реал Мадрид в недела од истиот термим е домаќин против Хетафе.

-ЗАНИМЛИВОСТИ: БАРСЕЛОНА Е НАЈВРЕДНА (1 МИЛИЈАРДА И 160 МИЛИОНИ ЕВРА)-

Состав чии играчи имаат најголема вредност е Барселона, чии првотимци вредат една милијарда и 160 милиони евра. Следени од Реал Мадрид со 997 милиони и Атлетико Мадрид со 807 милиони евра.

Интересен е и податокот што Реал со просек од 25,7 години има трет најмлад состав, а помлади од „кралевите" се само Валенсија (25,6) и Селта која е на првото место (25,40).

-ЧЕЛНИЦИТЕ НА ПРИМЕРА ОД ОВАА СЕЗОНА ЈА ВОВЕДОА „ВАР" ТЕХНОЛОГИЈАТА-

Овој Вар систем треба да го намали бројот на грешките кои минатата сезона беа бројни на шпанските стадиони.

„ВАР" технологијата својот прв настап го имаше во натпреварот од Суперкупот помеѓу Барселона и Севиља и нејзиното воведување се покажа како добра одлука.

Имено, Сарабиа во деветтата минута ја затресе мрежата, на сигнализација на еден од помошниците на главниот судија Дел Серо кој го поништи голот, но после прегледувањето на снимката погодокот беше признат.

Примера, 1. коло (Сезона 2018/19)

Петок, 17. август

Жирона - Ваљадолид 0:0

Бетис - Леванте 0:3

Сабота, 18. август

Селта - Еспањол 18:15 часот

Виљареал - Реал Сосиедад 20:15 часот

Барселона - Алавес 22:15 часот

Недела, 19. август

Еибар - Хуеска 18:15 часот

Рајо Ваљекано - Севиља 20:15 часот

Реал Мадрид - Хетафе 22:15 часот

Понеделник, 20. август

Валенсија - Атлетико Мадрид 20:00 часот часот

Атлетик Билбао - Легањес 22:00 часот

Најново во Меѓународен Фудбал