НЕ БИ БИЛА ЛЕСНА ОДЛУКАТА НА ТРЕНЕРОТ НА ШПАНСКИОТ ГИГАНТ

„КРАЛСКА“ ДИЛЕМА: Кој ќе биде „жртвуван“ поради Модриќ?

Кристијано Роналдо ова лето си замина од „Сантјаго Бернабеу" и се пресели во Јувентус. Секако остануваат само убавите славни спомени на Португалецот со „кралскиот" клуб...

објавено: 17 август 2018 - 14:00

Сега се зборува за останатите имиња во тимот, тренерот на Реал Лопетеги ќе биде на слатки маки во ротацијата на составот.

Како што пренесува „Марка", во прва голема дилема е досегашниот селектор на Шпанија на клупата на мадридскиот гигант. Не баш ургентна, но е во најава. Модриќ се врати од одморот и низ неделата ќе може да ги игра сите 90. минути. А тоа значи дека еден од фудбалерите кој уште од претходно ги започнал летните подготовки или бил во стартните 11 на досегашните контролни средби или на последната победа над Милан, ќе мора да се пресели на клупата, односно да ја „грее".

Прашањето од „милион долари" е: кој?

Каземиро, Тони Крос, Иско, Марко Асенсио, Герет Бејл или Карим Бензема? Опасни играчи, сите со желба на никој од нив да не им одземе минути. Роналдо си замина, истото го направи и Матео Ковачиќ замина, за сите останати резерви има уште време, а еден од „ветераните" е вишок.

Лука Модриќ едноставно не може да биде тоа. Хрватот беше прогласен за најдобар играч на неодамнешниот Мундијал. Тој е едноставно кодиран за првиот тим на „кралевите"...

Најново во Меѓународен Фудбал