КАПИТЕНОТ НА РЕАЛ СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА

Рамос: Меси му пријде на судијата во тунелот, потоа критериумот се промени

Натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид заврши без победник (2:2) и покрај тоа што „кралскиот" тим во второто полувреме имаше играч повеќе. Иако каталонскиот тим одамна е шампион, а Реал играше за честа и за престиж, нивниот меѓусебен дуел донесе многу нервоза, прекршоци..

објавено: 7 мај 2018 - 08:32

Натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид заврши без победник (2:2) и покрај тоа што „кралскиот" тим во второто полувреме имаше играч повеќе. Иако каталонскиот тим одамна е шампион, а Реал играше за честа и за престиж, нивниот меѓусебен дуел донесе многу нервоза, прекршоци...

По завршување на мечот капитенот на Реал, Серхио Рамос изнесе жестоки обвинувања на сметка на Лионел Меси.

„Меси направи мал притисок врз судијата на полувремето во тунелот. Не знам дали сите камери го снимија тоа. Не сум баш сигурен, но во второто полувреме беа донесени чудни одлуки. Ова е е фудбал и се треба да остане на теренот и тоа мора да го почитувате", рече Рамос.

По изјавата на капитенот на Реал на интернет се појави фотографија од записникот на главниот судија. Во истиот стои дека тој немал никаков разговор со Меси.

Најново во Меѓународен Фудбал