ЕЛ КЛАСИКО, 175 ПО РЕД, ВО ЗНАКОТ НА ТИМОТ ОД КАТАЛОНИЈА

РАСПАД НА РЕАЛ: Барселона пред титула (ВИДЕО)

По двете „нули“ во првото полувреме, стигнаа три гола на Барселона, која по овие (3-0) во Мадрид сега има „добитна комбинација“ во трката за титулата во Ла лига

објавено: 23 декември 2017 - 14:52

Фудбалерите на Реал Мадрид и на Барселона го играа мечот од 17 коло на Ла Лига и 175 „Ел Класико" во историјата.

По „тенките" 0:0 во првото полувреме, работите на Ел Класико во Мадрид се поместија од мртвата точка. И тоа на страната на гостите.
Прво во 53.минута, Барселона поведе со (1-0) откако Луис Суарез круниса една неверојатно добра акција на каталонците.
А неколку минути подоцна, уште една силовита „контра" на каталонците. Топката упатена кон празниот гол со рака ја сопре Дани Карвахал.
Бекот на Реал доби директен црвен картион, судијата покажа на белата точка, а Лионел Меси беше немилосрден – 2:0 за Барселона среде Мадрид.

Но тоа не беше крајот на маките за Реал, затоа што во третата минута од продолжението, сите нивни слабости ги казни Видал за шокантни (0-3).

  >

Најново во Меѓународен Фудбал