АРГЕНТИНЕЦОТ ПОЛУДЕЛ ПО МЕЧОТ ВО ТОРИНО

Распад-систем во Барса пред „Ел Класико“

По дебаклот во Торино, во Каталонија никој не верува дека Барса повторно може да ја анулира голема негатива (овој пат 3-0) и да се најде во полуфиналето на ЛШ.

објавено: 13 април 2017 - 13:45

Дека чудата не се случуваат баш секој ден, најдобро почуствува Барселона. По потопот на гостувањето кај ПСЖ (4-0), каталонскиот тим успеа да ја надокнади големата негатива и да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Но, по дебаклот во Торино, во Каталонија никој не верува дека Барса повторно може да ја анулира голема негатива (овој пат 3-0) и да се најде во полуфиналето на ЛШ. Очајната игра против Јувентус си го стори своето. Веднаш по мечот дошло до жестока кавга меѓу Луис Енрике и Лионел Меси. Аргентинецот разочаран од случувањата на првиот четвртфинален натпревар, не се појавил на вчерашниот тренинг.

Ова е дополнителен удар за Барса пред дуелот против Реал Мадрид за десет дена, особено ако се земе во предвид дека каталонскиот тим на „Ел Класико" ќе биде ослабен за Нејмар.

А на шпекулациите на „Марка" им нема крај. Караницата меѓу Меси и Енрике е нов доказ дека од следната сезона ѕвездата на Барса ќе замине во друг клуб, најверојатно Манчестер Сити.

Најново во Меѓународен Фудбал