ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ СТРЕЛЦИ ПОВТОРНО МЕЃУ „КРАЛЕВИТЕ“

Раул Гонзалез се враќа во Мадрид

Еден од најдобрите европски стрелци Раул Гонзалез треба да постане прв тренер во младинскaта екип на Реал Мадрид.

објавено: 22 март 2018 - 22:00

Раул Гонзалез треба да добие лиценца во април, а потоа да го превземе младинскиот тим на Реал за играчи од 16 до 18 години.

Еден од најдобрите европски стрелеци, 16 години беше дел од „кралскиот" тим (1994 - 2010). Во дресот на Реал постигна 228 гола во Примера. Исто така, тој е трет на листата на најдобри стрелци со 71 погодок во Лига на шампиони, пред него се Кристијано Роналдо со 117 и Лионел Меси со 100 гола. За шпанската репрезентација има 102 настапи и постигна 44 гола.

Многумина во блиска иднина го гледаат како наследник на Зинедин Зидан на клупата на Реал.

Најново во Меѓународен Фудбал