ЛЕГЕНДАРНИОТ НАПАЃАЧ ПОВТОРНО ВО МАДРИД

Раул се враќа да биде „крал“ во Реал

објавено: 16 јули 2017 - 10:00

Некогашниот капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко повторно ќе се врати во мадридскиот гигант. Раул ќе се приклучи на „кралскиот клуб“ на 21 јули и тоа на подготовките во САД. Тој ден ќе биде и прв за Раул на абота во административниот дел на клубот. 

Раул повеќе од една и пол деценија го носеше дресот на најтрофејниот шпански клуб. Одигра вкупно 741 меч и даде 323 погодоци. Поранешниот голгетер неодамна тргна на обука за тренер, но нема да може да ја добие лиценцата пред 2019 година.

Најново во Меѓународен Фудбал