Нов трофеј за кралскиот клуб

Реал е пеницилин за Барселона (Видео)

Реал Мадрид е недопирлив во моментов за Барселона, а „кралскиот клуб“ го освои и Суперкупот на Шпанија со уште една победа против лутиот ривал. Вечерва кралевите пак ја победија Барселона со 2:0 и со вкупен резултат од 4:1 освоија нов трофеј

објавено: 17 август 2017 - 01:00

Реал Мадрид е недопирлив во моментов за Барселона, а „кралскиот клуб" го освои и Суперкупот на Шпанија со уште победа против лутиот ривал. Вечерва кралевите пак ја победија Барселона со 2:0 и со вкупен резултат од 4:1 освоија нов трофеј.

Марко Асенсио со нов еврогол во четвртата минута најави нов триумф на европскиот првак, а победата ја потврди Карим Бензема со гол во 39. минута.

Реал играше и без најголемата своја ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој е казнет со 5 меча, но сепак лесно победи. Во моментов мадриѓани ги имаат европската и шпанската титула во својата колекција, како и тие од Суперкупот на Европа и на Шпанија.

 

 

.

 

Најново во Меѓународен Фудбал