ИСЛАНДСКА „ИНВАЗИЈА“ НА МАДРИД

Реал ги донесе синовите на Гудјонсен

Не еден туку двајца синови на исландската ѕвезда Ејдур Гудјонсен и пристапија на академијата на Реал Мадрид

објавено: 25 јуни 2018 - 10:00

16-годишниот Андри Гудјонсен и 12-годишниот Даниел му се приклучуваат на јуниорските формации на академијата на Реал Мадрид. Интересно, и двајцата доаѓаат од Барселона со тоа што Андри досега беше член на школата на Еспањол, а Даниел тренирал во Барселона.

Друга интересна ситуација е што Барса се обидела да го донесе Андри и двајцата да бидат дел од каталонскиот клуб но понудата на Реал била подобра и сега целото семејство Гудјонсен се сели во шпанската престолнина.
А најстариот син, 20-годишниот Свен игра професионално за исландскиот прволигаш Бредаблик.

Најново во Меѓународен Фудбал