НЕ ГО САКААТ ВО ТИМОТ

Реал го брка дебелиот Иско, Челзи и Сити застанаа во редот

Со доаѓањето на Сантијаго Солари, Реал Мадрид заигра како што треба, но Иско остана на клупата за резерви. Шпанскиот репрезентативец е пред излезната врата на „кралскиот“ тим. 

објавено: 20 ноември 2018 - 19:20

Репрезентативецот на Шпанија беше еден од клучните играчи на Зинедин Зидан, но оваа сезона неговиот статус е под голем знак прашалник. Иско се почесто е на клупата за резервни играчи, Солари засега не смета на неговите услуги. Ваквата ситуација во моментов сакаат да ја искористат Челзи и Манчестер Сити, тврди шпанскиот новинар Едуардо Инда, кој е близок до Реал.

„Во Реал сметаат дека Иско веќе не припаѓа на групата, дека игра само за себе, но и дека има проблем со тежината/ Токму поради ова тој размислува за заминување во Премиер-лигата, има понуда од Челзи и Сити. Мислам дека добро ќе се снајде во Сити поради стилот на игра. Кристијано Роналдо не сакаше да игра со него, тврдеше дека премногу ја задржува играта. Иско е посебен играч“, вели Инда.

За постетување, Иско во Реал дојде во 2013 година од Малага, до сега има 252 настапи во кралскиот дрес.

 

Најново во Меѓународен Фудбал