„КРАЛСКИОТ КЛУБ“ ВЕЌЕ МИСЛИ НА ЛЕТНИОТ ПЕРИОД

Реал го „пикираше“ Куртоа

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа е првиот пик на актуелниот европски и светски клупски првак 

објавено: 22 декември 2016 - 20:50

Реал Мадрид има забрана за правење трансфери во јануарскиот преоден рок и ќе има мирна зима на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак „кралевите“ добија дозвола од ФИФА за купување играчи во летниот трансфер период за 2017 година, откако Спртскиот арбитражен суд им ја намали казната на шест месеци.

Актуелниот европски и светски клупски првак најави дека за следната сезона сака да доведе нов голман. Како прв пик е чуварот на мрежата на Челзи, Тибо Куртоа. Белгискиот репрезентативец има договор со Челзи до 2019 година, но тој одбида ја продолжи соработката, што му дава надеж на мадридскиот гигант.

Куртоа добро го познава шпанското првенство, бидејќи пред да замине во Премиерлигата, ги бранеше боите на Атлетико Мадрид, што значи дека многу лесно ќе се прилагоди на животот во шпанската престолнина.  

Најново во Меѓународен Фудбал