Реал ќе игра во „Купот на кралот" во Африка!?

Во 1/16 финалето од шпанскиот куп. "кралскиот клуб" е гостин на Мелиља, клуб од истоимената шпанска енклава на медитеранскиот дел од брегот на Мароко...

објавено: 19 октомври 2018 - 15:20

Во Лас Розас се извлечени двојките за шеснаесетфиналето на „Купот на кралот" за сезомата 2018/2019 каде ќе се најдат сите 20. членови на „Ла лига", почнувајќи, се разбира, од оние најсилните како Барселона и Реал.

Интересно е дека „кралскиот клуб" ќе мора да гостува во Африка!!!
Поточно во шпанската енклава Мелиља, на медитеранскиот брег на Мароко. Значи во Африка, на 31. октомври, или само неколку дена по првото „Ел класико" во сезоната.
Мелиља, како и другата шпанска енклава во Алжир, Сеут, имаат големи проблеми со прилив на неверојатно висок број на емигранти од подсахарска Африка.

Поради тоа изградени се заштитни бариери, повеќе од десет метри високи, опремени со сечива, бодликави жици, аларми, камери, но и електрична струја.
Но сепак, ништо не може да ја спречи понатамошната навала на несреќниците, или да успеа, или да умрат.
Инаку ждрепката сакаше во првиот круг од натпреварите Барселона да биде гостин на Леонес, Валенсија ќе игра против Ебро, а Атлетико Мадрид ќе гостува кај Сант Андреу.

Најново во Меѓународен Фудбал