Најкорисниот играч на ЕП во Полска оди во најтрофејниот клуб

Реал Мадрид ја победи Барса, Себалјос стана „крал“

Реал Мадрид ја победи Барселона во трката за ангажман на Дани Себалјос, и најдобриот играч на младинското Европско првенство во Полска е нов член на „кралевите“

 

објавено: 8 јули 2017 - 14:10

Реал Мадрид ја победи Барселона во трката за ангажман на Дани Себалјос, и најдобриот играч на младинското Европско првенство во Полска е нов член на „кралевите".

Себалјос одигра фантастично првенство во Полска и веднаш го привлече вниманието на големите клубови, а најконкретен и највешт беше Реал. Кралевите платија отштета од 18 милиони евра во касата на Бетис, иако откупната клаузула за Себалјос беше 15 милиони евра. Три се во знак на добра волја за клубот од Севилја, кој можеше да влијае на играчот да замине во Барселона. Себалјос сакаше да игра во Барса, но под влијание на семејството и менаџерите ја прифати понудата на Реал Мадрид и ќе биде член на „кралоскиот клуб“ во следните 6 години.

Најново во Меѓународен Фудбал