СПОРНИОТ ПОГОДОК ШТО ГО ДАДЕ ЖИРОНА

Реал Мадрид ја „загуби титулата“ поради гол од офсајд

Иако има уште 28 кола до крајот, многумина сметаат дека негативата од осум бода што ја има „кралскиот клуб“ во однос на Барселона, веќе е недостижна

објавено: 30 октомври 2017 - 10:05

Реал Мадрид вчера капитулираше на гостувањето во Каталонија, кај Жирона. Иако „кралскиот клуб“ беше голем фаворит, а имаше и предност од 1:0 на полувремето, Жирона со два гола во вториот дел направи целосен пресврт и победи со 2:1.

Актуелниот шампион на Шпанија сега има осум бода негатива во однос на лидерот Барселона и според мноумина ова заостанување е преголемо, иако до крајот на шампионатот има уште 28 кола да се доиграат. Во Реал жалат за киксот против Жирона, но сметаат дека дел од вината за поразот ја имаат и судиите на мечот. 

Победничкиот погодок на домаќините, кој го постигна Мафео во 59 минута, беше од офсајд позиција. Мафео погоди атрактивно со петица, но повторената снимка покажува дека тој за малку е во недозволена позиција и голот не е регуларен. 

Судијата не го примети тој момент и го призна голот, па Реал остана на 20 бодови, додека Барселона избега на 28 бодови, по првите 10 кола во Примера. 

Најново во Меѓународен Фудбал