ХРВАТСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ГО ПРЕСЕЛИЈА ВО ИНТЕР, НО...

Реал Мадрид се огласи за Модриќ!

Италијанските медиму во средата објавија дека Лука Модриќ ќе го напушти „кралскиот тим“ и ќе направи трансфер во Интер. 

објавено: 4 август 2018 - 09:30

Три дена откако во јавноста излезе информацијата дека Реал Мадрид може да остане без Лука Модриќ, а потоа Флорентино Перез ја одредени цаната за него, од таборот на шпанскиот тим стигна демант. 

„Не постои никаков случај - Модриќ и Интер. Ниту тој сака да си замине од Реал Мадрид, ниту пак клубот сака да остане без него. Станува збор за една медиумска глупост“, изјави за шпанските медиуми официјлно лице на Реал Мадрид кој сакал да остане анонимен.

Италијанците на големо пишуваа дека дури и сопругата на Модриќ, Вања се вмешала во преговорите, веќе остварила контакт со Интер. Истиот весник „Corriere dello Sport“ објави дека менаџерите на Модриќ, Владо лемиќ и Предраг Мијатовиќ веќе се во Милано каде ја оствариле првата средба.

Но, според „АС“ причината поради која Лемиќ е во Милано, е да направи притисок врз челниците на Реал за да му ја зголемат платата на хрватскиот репрезентатвец, кој во шпнаскиот тим дојде во летото 2012 година, а има договор до 2020 година. 

Оној тим кој ќе сака да го купи Модриќ, кој минатата сезона најави дека сака да се пензионира како играч на Реал Мадрид, ќе треба да одвои огромна сума на пари, поточно 750 милиони евра.

Дали станува збор за шпекулација останува да биде познато наскоро, засега капитенот на Хрватска не се огласил во јавноста.

 

Најново во Меѓународен Фудбал