ЛАС ПАЛМАС ОДИГРА 3:3 НА „САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ“

Реал пак со пенал се спасуваше

Гостите имаа предност од 3:1 на неколку минути пред крајот од средбата, но Кристијано Роналдо со два гола донесе бод за фаворитот

објавено: 1 март 2017 - 23:39

Реал Мадрид освои само еден бод во дуелот со Лас Палмас, играјќи 3:3 на својот стадион. „Кралскиот клуб“ беше апсолутен фаворит, но на крајот може да е среќен со само еден освоен бод.

Иско погоди за водство на Реал, но Танаусу брзо израмни. во 47 минута Герет Бејл доби црвен картон, по што следуваше напад на гостите. Лас Палмас со головите на Виеда и Коатенг стигна до водство од 3:1.

Реал не се предаде и во последните неколку минути со два гола на Роналдо стигна до реми. Роналдо прво погоди од пенал, а потоа даде уште еден гол за 3:3. На овој меч Реал постави нов шпански рекорд откако на 45 средби по ред дава барем по еден гол. 

Сепак бодокот не беше доволен тимот да се врати на врвот на табелата во Шпанија. Реал сега има еден бод помалку од лидерот Барселона. 

Најново во Меѓународен Фудбал