ОСТАНУВА НА ТРЕНЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА

Реал потврди: Солари ќе го предводи Реал до 2021 година

Реал Мадрид вечерва донесе конечна одлука, Сантијаго Солари останува на клупата на шпанскиот тим 

објавено: 13 ноември 2018 - 21:10

Реал Мадрид неодамна го смени Хулен Лопетеги и на тренерското место го постави некогашниот фудбалер, Сантијаго Солари, но како привремено решение.

Со оглед на тоа дека одлично тргна на клупата на „кралскиот“ и ја врати атмосферата и запиша четири победи, челниците одлучија да го задржат. Солари доби шанса како Зинедин Зидан, да направи нешто повеќе како тренер на Реал Мадрид со кого потпиша договор до 2021 година.

„Бордот на директори на клубот денеска донесе одлука со Сантијаго Солари да биде потпишан договор до 30 јуни 2021 година“, се вели во соопштение на Реал Мадрид.

 

Најново во Меѓународен Фудбал