„КРАЛСКИОТ КЛУБ“ САКА УШТЕ ЅВЕЗДИ ВО ТИМОТ

Реал прави нов тим на „галактичари“

На листата на желби на тренерот Зинедин Зидан се најдоа неколку докажани играчи 

објавено: 23 февруари 2017 - 17:00

Претседателот на европскиот клупски првак Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да создаде нов тим на „галактичари“. Идејата на Перез е да се доведат уште неколку ѕвезди на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа би требало да се направи по завршување на сезонава. 

Веќе четири имиња се на листата на желби на Реал. Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа уште од минатата сезона е на мета на Реал. Лани, за само неколку минути не се комплетираше трансферот, но се очекува конечно работата да биде завршена за неколку месеци. 

Реал е тим кој секогаш негува напаѓачка игра, па затоа има дури тројца офанзивци во план. Асот на Челзи, Еден Азар е миленик на Зинедин Зидан и тој би сакал да го види во својот тим. Тука е и двоецот од Реал Мадрид, Миралем Пјаниќ и Пабло Дибала.

Скаути на Реал, синоќа биле во Порто, да го следат настапот на Јувентус против Порто и да се уверат во квалитетите на Пјаниќ. 

Најново во Меѓународен Фудбал