Откако „големите тренери“ ги откачија...

РЕАЛ СЕ ВРТИ КОН СВОИТЕ ЛЕГЕНДИ: Јеро, Мичел, Гути...

После изненадувачкото заминување на Зинедин Зидан од клупата на Реал Мадрид, местото на прв тренер во „кралскиот клуб" би можел да го превземе некоја од играчките легенди на клубот од „Сантјаго Бернабеу"...

објавено: 7 јуни 2018 - 15:37

Шпанскиот „Ас" нведува дека меѓу кандидатите за нов тренер на Реа се прославените играчи на овој клуб како Гути, Мичел и капитенот на прочуените „Галактикоси", и соиграч на Зидан, Фернандо Јеро.

Скоро сите оние звучни европски тренерски имиња ја одбија понудата од Реал Мадрид. Клоп, Лев, Нагелсман, Покетино, па оттука и претседателот на „кралскиот клуб" Флорентино Перез би можел решението да го побара и помеѓу оние поранешни играчи во белиот дрес.

Јеро беше асистент кај Карло Анчелоти, го тренираше Овиедо, а моментално е спортски директор во шпанскиот национален сојуз.
Мичел пак има далеку побогато тренерско искуство. Го тренираше Олимпик Марсеј, Севиља, Гетафе, Рајо Вањекано...

 

Најново во Меѓународен Фудбал