Реал Мадрид на убедлив начин стартуваше во 2017 година и во првенството. „Кралскиот клуб“ без никакви проблеми, со 5:0 ја победи Гранада, во првиот меч од Примера дивисион за оваа година. Пред дуелот, Кристијано Роналдо ја доби „Златната топка“ која ја доби како најдобар играч во светот за минатата година.
„Кралевите“ немаа никакви проблеми, а навивачите на „Сантијаго Бернабеу“, уште во првите 30 минути се израдуваа на четири погодоци на нивните миленици и беше јасно дека нема да има никакво изненадување.
Иско даде два гола, а по еднаш погодија и Роналдо, Бензема и Касемиро. За Реал ова е дури 39 меч без пораз во сите натпреварувања и го израмни рекордот на вечниот ривал Барселона. Во оваа серија, мадриѓани имаат дури 30 победи и само девет нерешени средби.