ДАЛИ ИМАШЕ СОМНИТЕЛНИ ОДЛУКИ

Реал со судиска помош го победи Бетис? (Фото+Видео)

Фаворитот победи со 2:1, а во текот на мечот имаше неколку ситуации во кои арбитарот му прогледа на „кралскиот клуб“

објавено: 13 март 2017 - 10:02

Реал Мадрид се врати на чело на шпанската Примера, откако со 2:1 го победи Бетис, во меч од 27. коло. „Кралскиот клуб“ со пресврт стигна до трите бода. Откако голманот Кејлор Навас си даде автогол, потоа следуваа погодоците на Кристијано Роналдо и Серхио Рамос за трите бода да останат на „Сантијаго Бернабеу“.

Во текот на 90 минути на дуелот, имаше неколку сомнителни моменти кои на крајот беа во полза Реал Мадрид. Голманот Навас направи прекршок надвор од шеснаесетникот, но судијата не реагираше да го исклучи чуварот на мрежата на Реал. 

Потоа судијата остана нем, во ситуација во која гостите можеа да добијат пенал, а се споменува и за ситуација во која Марсело требало да заработи втор жолт картон, а тоа не се случило. 

На крајот дел од реакциите се дека судијата на средбата бил како да е облечен во дресот на Реал Мадрид.

Најново во Меѓународен Фудбал