Минимална казна

Роберто ќе одмори еден меч, но ќе игра во финалето на Копа дел Реј со Севилја

Серхи Роберто доби минимална казна од шпанската фудбалска федерација и ќе паузира само на еден меч, по исклучувањето во дуелот меѓу неговата Барселона и Селта во Виго

објавено: 20 април 2018 - 21:35

Серхи Роберто доби минимална казна од шпанската фудбалска федерација и ќе паузира само на еден меч, по исклучувањето во дуелот меѓу неговата Барселона и Селта во Виго.

Играчот од средниот ред на Барса доби директен црвен картон, а сега ќе го прескокне мечот со Депортиво Ла Коруња на 29. април, но ќе може да игра утре во финалето на Копа деј Реј со Севилја.

Барселона може да ја освои двојната круна во април, а ко ја победи Севилја утре и ја совлада и Ла Коруња на 29. април во домашното првенство.

Најново во Меѓународен Фудбал