АКО СЕ ГЛЕДААТ ПОСТИГНУВАЊАТА ЗА ОВАА СЕЗОНА

Роналдо и Бензема најлошо напаѓачко дуо во историјата на Реал

Двајцата голгетери заедно имаат постигнато само два гола по првите 12 средби во Ла лига

објавено: 20 ноември 2017 - 12:30

Кристијано Роналдо и Карим Бензема се двајцата напаѓачи кои во изминативе неколку години постигнаа многу значајни голови кои значеле освојување на титули за „кралскиот клуб“. Ова дуо беше незадржливо, па затоа и тренерот на Реал, Зинедин Зидан не сакаше ништо да менува во офанзивната линија. 

Сепак, според тоа што се случува во досегашниот дел од сезоната, можно е да има и промени. Роналдо и Бензема имаат очаен старт, кога се работи за голгетерскиот учинок. Двајцата нпаѓачи сезонава имаат дадено само два гола во првите 12 натпревари на Реал во првенството. 

Ниту едно напаѓачко дуо на „кралскиот клуб“ немал вака очаен старт на една сезона. Реал вкупно има дадено 22 погодоци, што значи дека останатите играчи во клубот се творци на 20 голови. Претходниот најлош старт на напаѓачко дуо на Реал го имаа Бутрагењо и Сантилјана кои во сезоната 1984/85 дадоа три гола по 12 кола. 

Лошата голгетерска форма на напаѓачите, влијае и на изгледот на табелата. Реал има заостанување од 10 бодови зад лидерот Барселона.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал