И НЕГО НЕ МУ БИЛО СЕКОГАШ ЛЕСНО

Роналдо: Како дете играв со патиките на брат ми

„Во тоа време немавме многу пари“, открива Кристијано

објавено: 4 октомври 2017 - 13:55

Атуелниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, открива дека и него животот не му бил секогаш како што тој посакувал. Португалецот открива дека како дете му било многу тешко и дека се соочувал со разни проблеми, но тоа не го поколебало да продолжи да тренира и да стане тоа што е сега. 

„Татко ми беше тој поради кој започнав да тренирам. Вистина е дека тогаш немавме многу пари. Животот воопшто не беше лесен на Мадеира. Како дете, морав да играм со старите патики на брат ми, кои ми ги даде како подарок. Кога си дете, не размислуваш за пари“, открива Роналдо. 

Токму тоа дете кое тогаш морало да игра со старите патики на брат му, сега е еден од најплатените и најдобрите играчи во светот. Португалецот едноставно порачува дека никој, никогаш не треба да се откаже од тоа што го посакува. 

Најново во Меѓународен Фудбал