ПОРТУГАЛЕЦОТ СЕКОГАШ Е ГОЛЕМ ОПТИМИСТ

Роналдо му се закани на Меси

Најдобриот играч на Реал Мадрид најави дека на крајот од сезоната ќе биде најдобар стрелец во Примера

објавено: 7 ноември 2017 - 19:30

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо решил да направи интересен облог со своите соиграчи од клубот. Најдобриот играч на „кралскиот клуб“ тврди дека на крајот од сезоната ќе биде најдобар стрелец во Примера дивисион. 

Роналдо очајно ја започна сезоната во шпанското првенство. Досега има само еден гол во 11 натпревари. Тој ги пропушти првите неколку дуели, поради суспензијата што мораше да ја одлежи. Сепак и по враќањето на теренот, не успеа да се врати во голгетерски ритам. 

Интересно е тоа што Португалецот кога игра во Лигата на шампионите го нема проблемот со реализацијата. Во четири средби во елитната лига има постигнато шест погодоци. Сега, Роналдо верува дека повторно ќе успее да погодува и во Шпанија, а на крајот од шампионатот ќе биде најдобар стрелец. 

За да го направи ова на Роналдо ќе муи требаат многу голови. Моментно прв стрелец во Примера е најголемиот ривал на Кристијано, Лионел Меси. Аргентинскиот виртуоз во дресот на Барселона, сезонава веќе има 12 погодоци, што значи дека е 11 голови подобар од Роналдо. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал