ПОРТУГАЛЕЦОТ БЕШЕ НЕРВОЗЕН НА ДУЕЛОТ ПРОТИВ АТЛЕТИКО МАДРИД

Роналдо не игра на „Ел Класико“? Може да биде казнет поради навреди кон судијата

По една судиска одлука Португалецот бурно реагираше кон арбитарот, за што може да биде суспендиран

објавено: 10 април 2017 - 09:18

Бурно е во Реал Мадрид деновиве. Тимот не игра на посакуваното ниво и тоа во клучниот дел од сезоната. Меѓу оние кои најмногу разочаруваат е првата ѕвезда, Кристијано Роналдо. Португалецот дури е и на мета на соиграчите, кои побарале од тренерот Зинедин Зидан да го стави Роналдо на клупата за резерви.

Францускито стратег потенцираше дека нема шанси да се откаже од Роналдо, но сега постои опција да мора да се откаже и тоа, доколку голгетерот добие суспензија. На градското дерби против Атлетико, Роналдо бурно реагираше по една одлука на судијата, наместо корнер за Реал, да досуди топка за Атлетико.

Португалецот трчаше специјално до судијата да му каже некои „невкусни“ работи, за кои не доби ни жолт картон. Сепак ТВ снимката го има „уловено“ цел настан, па можно е Роналдо да биде суспендиран.

Ако тоа се случи и суспензијата биде барем два меча, тоа ќе значи дека Роналдо нема да може да игра на големото „Ел Класико“ против Барселона, кое се игра на 23 април.

 

Најново во Меѓународен Фудбал