ЌЕ ДОКАЖУВА ДЕКА Е НЕВИН

Роналдо не признава вина, ќе мора да оди на суд

Португалецот е обвинет дека не плаќал даноци

објавено: 17 октомври 2017 - 17:25

Носителот на „Златната топка“ Кристијано Роналдо го нарече „неосновано“ обвинението на Министерството на финансии на Шпанија дека затаил 14,7 милиони евра од приходите кои ги добил. Од шпанското обвинителство му понудија на фудбалерот да ја признае вината и да спогоди, но Роналдо сепак тоа не го прифати и реши на суд да ја докаже својата невиност. 

Роналдо посочи дека и неговиот менаџер Жорге Мендеш не е виновен за обвиненијата.

Проблем со неплатениот данок во Шпанија имаа и соиграчот на Роналдо, Марсело, а и неколку ѕвезди на Барселона, меѓу кои беше и Лионел Меси. Сите тие ја прифатија спогодбата со обвинителството и завршија само со парична казна. 

Најново во Меѓународен Фудбал