ПОРТУГАЛЕЦОТ ЈА КАЖА СВОЈАТА ЖЕЛБА

Роналдо од Перез бара да му донесе играч од Манчестер Ј.

Кристијано има големо влијание во Реал Мадрид и има слобода да каже кој играч би сакал да го води во тимот

објавено: 16 октомври 2017 - 14:30

Кристијано Роналдо неколку пати разговарал со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и му посочил дека сака во дресот на „кралскиот клуб“ да го види голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа. Пред две години Реал се обиде да го доведе Де Хеа, но тогаш поради административни проблеми, трансферот задоцни да се реализира за само неколку минути. 

На голот на Реал е Кејлор Навас, кој две години по ред се радува на титулата во Лигата на шампионите, а ја освои и титулата во Примера дивисион. И покрај овие успеси, Навас никогаш не стана омилен кај челниците на „кралскиот клуб“. 

Де хеа е во Манчестер Јунајтед од 2011 година кога „црвените ѓаволи“ за него дадоа 19 милиони фунти. Сега се проценува дека неговата вредност е 100 милиони фунти.  

Најново во Меѓународен Фудбал