ПОРТУГАЛЕЦОТ Е РЕШЕН

Роналдо одново се заканува со заминување

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо по завршување на финалето во Лигата на шампионите им соопштил на своите соиграчи дека ќе го напушти тимот, открива „Марка“. 

објавено: 2 јуни 2018 - 10:00

Кристијано Роналдо ниту пред финалето во Лигата на шампионите не криеше дека сака да ја промени средината, тој на своите соиграчи им соопштил дека неговата ситуација во клубот е премногу комплицирана. 

Иако челниците на Реал Мадрид се незадоволни од ставот на португалскиот фудбалер, сепак веруваат дека ќе остане. Од друга страна фудбалерите се убедени дека Роналдо го одиграл последниот меч во дресот на „кралскиот тим“.

Веќе долго време се шпекулира дека за Роналдо се заинтересирани ПСЖ, како и неговиот некогашн тим Манчестер Јунајтед. Португалецот има желба одново да соработува со Жозе Мурињо. Тој во 2009 година од „Олд Трафорд“ дојде во Мадрид со кого освои четири титули во ЛШ, три во светското клупско првенство и по две во Ла Лига, кралскиот Куп, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.

Пред неколку дена Реал Мадрид остана без тренер, Зинедин Зидан одлучи да си замине.

Најново во Меѓународен Фудбал