ИНТЕРЕСЕН МОМЕНТ ОД ВЧЕРАШНОТО МАДРИДСКО ДЕРБИ

Роналдо остаре, Хуан Фран протрча како Болт покрај Португалецот (Видео)

Ова е уште една од причините зошто Кристијано сезонава има дадено само еден гол во Ла Лига

објавено: 19 ноември 2017 - 12:50

Реал Мадрид за прв пат откако е под водство на Зинедин Зидан неуспеа да даде гол на гостински терен во првенствен дуел. „Кралевите“ одиграа 0:0 против градскиот ривал Атлетико, а Кристијано Роналдо продолжи со очајната серија во Ла Лига. 

Најдобриот играч на Реал сезонава има дадено само еден гол во првенството, што е негов најлош биланс откако е пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“. На синоќешниот меч, Роналдо имаше две добри шанси за гол. Во едниот обид, неговиот удар беше изблокиран, а во втората ситуација, противничкиот играч го стави „во џеб“. 

Што се случи? Реал сакаше да направи контра напад, топката беше исфрлена напред кон Роналдо, кој имаше непречен пат кон голот на Јан Облак. Иако Роналдо трчаше праволиниски кон топката, Хуан Фран од поголема одалеченост од топката, успеа да стигне пред Португалецот.

Шпанските медиуми започнаа да се шегуваат дека Роналдо трчал како желка. Интересна е тоа што Кристијано не може да се вади на фактот дека веќе има 32 години, бидејќи е врсник со Хуан Фран кој го претрча како мало дете, а на тој начин спаси и сигурен гол. 

Најново во Меѓународен Фудбал