ПОРТУГАЛЕЦОТ СЕКОГАШ ПОСТАВУВА ВИСОКИ ГРАНИЦИ

Роналдо откри кои му се плановите за следната сезона

Првата ѕвезда на Реал Мадрид се надева дека ќе го повтори успехот што го направи минатата сезона

објавено: 24 јули 2017 - 21:57

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо вели дека во следната сезона сака повторно да ја освои „Златната копачка“, за најдобар играч во светот. Португалецот е актуелен освојувач на оваа престижна награда, која вкупно четири пати ја има добиено во кариерата.

Повеќе „Златни топки“ од Роналдо има само неговиот најголем ривал, Лионел Меси од Барселона. Аргентинецот пет пати бил добитник на оваа награда.

„Секогаш е голема битката меѓу мене и конкуренцијата. Има многу квалитетни играчи како што се Меси, Нејмар, Левандовски, Игуаин... Сите тие се одлични фудбалери и тоа ми дава дополнителен мотив да работам уште повеќе и секоја наредна сезона да бидам подобар. За да се биде најдобар, мора да се остане сконцентириран во текот на целата сезона“, рече Роналдо.

 

Најново во Меѓународен Фудбал