ИМА БАРАЊЕ ДО ФЛОРЕНТИНО ЛОПЕЗ

Роналдо сака да остане во Реал, но сега ги вмеша Меси и Салах

Кристијано Роналдо го воодушеви фудбалскиот свет со голот против Јувентус во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, кога со „ножички" го матираше Џиџи Буфон.

објавено: 7 април 2018 - 13:20

Реал Мадрид на гостувањето кај Јувентус славеше со 3:0, а стрелец на два гола беше Кристијано Роналдо. Никој не остана рамнодушен на „ножичките" на Португалецот, дури и фановите на „Старата дама" останаа без текст.

По една ваква партија на Роналдо повеќе од јасно едека Флорентино Перез ќе мора да ги исполни сите барања на ѕвездата доколку сака да остане на „Сантијаго Бернабеу".

Според шпанските медиуми Роналдо сака да заработува иста плата како и Лионел Меси, кој неделно зарботуба околу 500.000 евра. Покрај ова Португалецот побарал побарал ова лето во Реал Мадрид да го доведат и Мохамед Салах, кој игра неверојатно.

На потег е првиот човек, дали ќе ги исполни желбите на својот најдобар играч останува да биде познато по крајот на сезоната.

Најново во Меѓународен Фудбал