РЕАЛ ЌЕ БИДЕ БЕЗ СВОЈОТ НАЈДОБАР ИГРАЧ

Роналдо се плаши од „жолтица“ и нема да игра вечерва против Гранада

Зидан реши дека Кристијано нема да му биде потребен за гостувањето, во рамките од 36 коло во Примера дивисион

објавено: 6 мај 2017 - 16:31

Кристијано Роналдо нема да биде во составот на Реал Мадрид за денешниот меч против Гранада. Тренерот на „кралскиот клуб“ реши да го одмори Португалецот и верува дека и без него во составот, ќе стигне до посакуваните три бода.

Како главна причина зошто Роналдо не е во составот е стравот од можноста да добие жолт картон, што би значело суспензија од еден меч. Роналдо има четири јавни опомени, па следната ќе значи и автоматски пауза од еден натпревар.

Реал во следното коло на свој терен игра дерби дуел против Севилја, кој може да биде решавачки во трката за титулата во Примера. Освен Роналдо, Реал вечерва ќе биде и без повредените Герет Бејл, Дани Карвахал и Рафаел Варан.

Најново во Меѓународен Фудбал