СТАНУВА СЕ ПООЧАЕН

Роналдо сега има 18 шута и НУЛА голови

Португалскиот ас уште е без ниту еден погодок во Примера дивисион сезонава

објавено: 24 септември 2017 - 10:35

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо уште не се запишал во листата на стелци во Примера дивисион сезонава, иако веќе се игра шестото коло. Португалецот беше казнет четири меча поради црвениот картон против Барселона, во Суперкупот на Шпанија, па затоа само на две средби се најде на теренот досега. 

И на тие два натпревари, Роналдо одигра очајно слабо и не даде ниту еден гол. Против Бетис се мачеше, а истото му се случи и вчера во дуелот со Алавес. Португалецот има вкупно 18 удари кон противничкиот гол и ниту еден погодок.

Против Алавес и среќата не беше на негова страна, бидејќи два пати ја погоди пречката, но не и да ја затресе мрежата на противникот. 

Најново во Меѓународен Фудбал